Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Во еден ден се приведени 23 возачи, меѓу нив малолетник – фатени без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана, велат од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
policija-policaec

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден на целата територија на државата лишиле од слобода вкупно 23 возачи, поради сериозни прекршоци во сообраќајот, соопшти МВР.

Како што информираат од Министерството, 11 возачи биле приведени затоа што управувале возило без возачка дозвола, при што е евидентиран и еден малолетник. Девет лица биле лишени од слобода поради управување возило под дејство на алкохол, а едно лице било приведено затоа што возело и покрај изречена активна забрана за управување.

— реклама —

Најголем број лишувања од слобода се реализирани на подрачјето на СВР Тетово (седум) и СВР Куманово (пет). По три возачи биле лишени од слобода на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип, по два во СВР Велес и СВР Битола, а еден на подрачјето на СВР Струмица.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, Министерството упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, да не возат доколку им е изречена забрана за управување и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya508h4phghf0dCZ9UPM

Извртен камион на патот Гостивар – Стража

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryb69d3us4o4p5dawmjaN

Возете внимателно за 1 Мај: Институциите бараат дисциплина во сообраќајот

Македонија | пред 2 месеци

zagadeno-magla-15

Внимателно возење поради магла и можни одрони

Македонија | пред 5 месеци

media-library6hee4e921dddd4kJRh7

Внимание во сообраќајот: Снег, одрони и привремени забрани на повеќе патни правци

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања