Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Возете внимателно за 1 Мај: Институциите бараат дисциплина во сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryb69d3us4o4p5dawmjaN

Во пресрет на празникот 1 Мај и продолжениот викенд, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до граѓаните за строго почитување на сообраќајните правила.

Оттаму посочуваат дека во вакви периоди се зголемува фреквенцијата на возила, бидејќи дел од граѓаните патуваат кон туристички дестинации, излетнички места или посетуваат роднини и пријатели. Искуствата од претходните години, како што наведуваат, покажуваат дека за време на празници зачестуваат сообраќајните незгоди, често со сериозни последици.

— реклама —

Од Советот нагласуваат дека неодговорното однесување во сообраќајот може да има тешки и ненадоместливи последици, поради што апелираат на внимателност, етичност и лична одговорност кај сите учесници.

Воедно, потсетуваат на основните правила: користење сигурносен појас, избегнување користење мобилен телефон при возење, почитување на ограничувањата на брзината и управување возило под дејство на алкохол.

— реклама —

Се препорачува и однапред да се планира патувањето, како и да се прават паузи за одмор, со цел да се намали ризикот од несреќи.

— реклама —

Од РСБСП порачаа дека со одговорно однесување може да се придонесе празничните денови да поминат безбедно за сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya508h4phghf0dCZ9UPM

Извртен камион на патот Гостивар – Стража

Македонија | пред 3 седмици

policija-policaec

Во еден ден се приведени 23 возачи, меѓу нив малолетник – фатени без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана, велат од МВР

Македонија | пред 4 месеци

zagadeno-magla-15

Внимателно возење поради магла и можни одрони

Македонија | пред 5 месеци

media-library6hee4e921dddd4kJRh7

Внимание во сообраќајот: Снег, одрони и привремени забрани на повеќе патни правци

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања