Слушалки и телефони забранети во сообраќај – казните стартуваат денес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
DSC_0422

Вчера официјално стапија на сила законските измени за побезбеден сообраќај. Со нив се забранува користење слушалки и зборување на мобилен телефон со цел пешаците, велосипедистите и возачите на електрични тротинети да бидат максимално сконцентрирани на патот.

— реклама —

Според новите правила, казната за преминување пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, глобата е 50 евра.

Иако мерките веќе важат, вчера на улиците во Скопје и другите градови сообраќајната полиција не изрекуваше парични казни, туку само ги опоменуваше и информираше граѓаните за новините во законот.

— реклама —

Најчести прекршувања беа пешаци кои минуваа на пешачки премин со слушалки во уши, како и возачи на велосипеди и електрични тротинети со телефон во рака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybvp1d5ubv7al8Z758aP

Полицајци на пешачки со мобилни телефони го прекршуваат Законот, наместо да го спроведуваат: „За нив не важи“

Скопје | пред 4 месеци

DSC_0422

Саркастичен аплауз за законот: Моторите брчат погласно од слушалките, ама важно пешак е проблем

Коментари | пред 4 месеци

media-libraryhemoiao906c07xLpFyk

Стапуваат на сила казните, 40 евра за пешак со телефон, 50 евра за тротинет на пешачки

Македонија | пред 4 месеци

272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

Пешаците ќе плаќаат казна ако преминуваат улица со слушалки или телефон

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања