Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје: ќе има гужви поради Задушница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, поради верскиот празник Задушница, во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај со цел безбедно и непречено движење на возилата.

— реклама —

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје соопштија дека од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта „Бутел“ се одвива во една насока, односно кружно.

Возилата се движат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“, повторно лево по улицата „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата „Бутел“.

— реклама —

За излез од гробиштата, сообраќајот се одвива десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек на улицата „Бутелска“, потоа лево по истата улица и десно по улицата „Кемал Сејфула“.

— реклама —

Посебен режим на сообраќај е воведен и кај гробиштата во Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

Од МВР посочуваат дека, доколку има потреба, посебниот режим ќе важи и во сабота и недела, на 30 и 31 мај.

— реклама —

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници на сообраќајниците опфатени со изменетиот режим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 16 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 16 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања