Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

За Филипче и Заев поважни се грчките плажи од истрагата во Тетово, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Zaev-Filipce

И во криминалот и во одморот се заедно, Венко Филипче и семејството Заеви, Зоран и Вице, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

„Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово.

— реклама —

Но, затоа десеттина дена по случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет.

Нема ниту одговори на клучни прашања за тоа како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин, дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки, зошто немало противпожарни апарати, зошто немало доволно медицински персонал, дали основното јавно обвинителство ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

Како тргнала работата според одредени сознанија се чини дека фиктивната оставка на Филипче ќе биде најмал проблем.

Зошто? Затоа што многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност.

Бидејќи поминаа десеттина дена од случајот, а нема никакви детали повторно го прашуваме Филипче, дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, бил предупреден од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници?

Дали Филипче и покрај тоа што бил предупреден свесно тргнал по брзи пари?

Она што е јасно е дека истрагата мора да се ослободи од било какви влијанија и Заев и Филипче мора да ги напуштат функциите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања