На само неколку километри од центарот на општината, жителите наПрипор живеат во услови од минатиот век, без елементарна хигиена. Недозволиво е современа општина да нема фекална канализација и жителите
да бидат изложени на опасност од зараза, поради погрешните политики на сите досегашни локални власти, велат од Левица.
„За какви капитални проекти и урбана општина говори актуелниот градоначалник, Филип Темелковски, кога делови на Кисела Вода не се обезбедени ниту со соодветна канализација?! Уште во август 2018 година, Темелковски на средба со граѓани ветуваше дека ќе биде побарана финансиска поддршка од Владата за конечно решавање на овој проблем. Наместо тоа, се трошат општински пари на привремени вработувања во администрација и сомнителни семинари и обуки!
На општина Кисела Вода ѝ се потребни нови луѓе, ослободени од криминалите на сите претходни партии, кои ја доведоа општината во очајна состојба. Од нашата секојдневна комуникација со жителите, како општина во
која Левица има убедливо највисока поддршка, убедени сме дека од 17-ти октомври, конечно ќе се слушне гласот на обичниот човек и во Советот на Кисела Вода“, се вели во соопштението.