За Мицкоски мерките против ковид се срамни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија рече дека мерките на власта за КОВИД ги подели граѓаните, и ја заменуваат својата неспособност со делби.

— реклама —

„Како Комисија излеговме денеска како ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека дел од медиумите го пренесоа ставот на претседателот на Комисијата, доцент доктор Игор Николов и тоа е практично ставот позади кој што јас би се задржал. Е, сега исто така можат да се видат стимулативни мерки во соседството со кои што граѓаните во соседството се стимулираат да бројот на тие кои што се имунизирани преку вакцинацијата да се зголеми. А, тоа го има во соседна Грција, Бугарија. Така што еве не треба од власта подалеку да одат, туку нека погледнат во регионот како тоа околните Влади го решаваат“, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додаде дека има случаи и како него што го прележале вирусот, дури и имаше изјава од епидемиологот Пановски кој што вели дека лицата кои што имаат прележано 6 до 7 пати, се порезистентни на новите соеви или на КОВИД-19 од оние кои што се вакцинираат.

— реклама —

„Можеше и еден ПЦР тест да заврши работа, за да не бидат празни моловите, рестораните и останатото. А, со тоа би се заштитиле и работните места и бизнисот, нема да трпи економијата. Наместо вакви би рекол мерки кои што се со една цел да ги поделат граѓаните и практично се мерки кои што имаат свој еквивалент како што реков во средината на 20-тиот век во едно друго време кога светот имаше една друга би рекол фашистичко нацистичка опасност“, децидно рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште во март, април месец кога апелираше за зголемена имунизација по пат на вакцина, наместо власта да трча по провизии, власта требаше да трча по светот по вакцини, да има доволен број на вакцини за да може луѓето да се имунизираат, вклучително и тие кои работат во образованието.

Мицкоски вели дека врз основа на достапните информации од владата некаде околу милион дози се аплицирани, и имајќи предвид дека тоа е четвртина од потребните дози, тоа е фијаско и ние сме на дното по имунизација по пат на вакцина во Европа, како што бевме на врвот по починати од КОВИД-19.

„Вакцинацијата во Европа започна во декември, а кај нас пет месеци потоа, а најавуваа од јануари, за потоа да чекаме донации од други држави и процесот на вакцинација да започне кога огромен дел од граѓаните одеа во Србија и други земји да се вакцинираат заради неспособноста на министерот и владата“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека партијата го поддржува секое право на граѓаните кои сакаат да изберат и да живеат, и тоа е уставно загарантирано, а истовремено ги охрабрува граѓаните да се имунизираат по пат на вакцина, но не на ваков начин како што го прави владата по пат на репресивни мерки туку преку стимулативни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања