Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

За Мицкоски тепање жена е „мал престап“ – срамна заштита на насилството врз жените и на Тошковски , вели Ангелковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryeeauagrbc6jv8Wux6e4

СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со својата изјава за случајот со бодигардот обвинет за семејно насилство испратил опасна порака за релативизирање на насилството врз жените.

На прес-конференција, Розалија Ангелковска од Форумот на жени на СДСМ изјави дека е недозволиво брутално претепување на жена да се нарекува „мал престап“, оценувајќи дека со тоа директно се минимизира сериозноста на семејното насилство.

— реклама —

„За Мицкоски, тепањето жена е ‘мал престап’. Наместо јасна осуда, тој практично застана во заштита на насилникот и на министерот Панче Тошковски“, рече Ангелковска.

— реклама —

Од СДСМ обвинија дека власта создава систем во кој блиските луѓе до функционерите се заштитени и привилегирани, дури и кога се осомничени за тешки кривични дела.

— реклама —

Во обраќањето беа посочени и повеќе случаи на семејно и врсничко насилство, како и трагични настани за кои, според опозициската партија, институциите не реагирале навреме.

СДСМ оцени дека безбедносниот систем е во целосен распад и побара Тошковски веднаш да поднесе оставка. „Македонија стана држава во која насилството се нормализира, а одговорност нема“, порача Ангелковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања