Промени тема
Контакт

За над 6.000 денари ја зголемивме минималната плата за неполни пет години, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0100

СДСМ континуирано покажува дека е на страна на работниците, на страна на граѓаните. За над 6.000 денари ја зголемивме минималната плата за неполни пет години. Односно од 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.200 денари, вели СДСМ.

„Со успешни економски политики среде криза, ја зголемивме и просечната плата, пензиите и социјалната помош.

Заложбата на СДСМ е минималната плата да продолжи да расте, бидејќи подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во време на енергетска криза е наш приоритет.

Ќе најдеме решение кое е во интерес на граѓаните преку дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел достоинсвено вреднување на трудот и одржливо стопанство.

— реклама —

Новиот раст на минималната плата ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците, но и позитивно ќе влијае врз растот на останатите плати.

— реклама —

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против минималната плата.

Трајко Славески член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против растот на минималната плата.

— реклама —

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ работи директно против работниците, против повеќе пари во семејните буџети.

Оваа партија очигледно има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, а не во нивниот скапоцен дворец“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања