„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За некои работи Груевски можеби беше во право, но начинот и мотивите му беа дискутабилни, вели Ванковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
gruevski-vankovska

Поранешниот премиер Никола Гуевски во изминатите неколку денови го анализираше здравствениот систем во државата, факултетите, судството, образованието, по што професорката Билјана Ванковска се огласи на Фејсбук.

— реклама —

„Го читам Груевски како ламентира над лошата судбина/рејтинг на универзитетите. Не само што останал неписмен (а со докторат од УКИМ!?!), па пишува “незнам” и “нај” одвоено од зборот и да не набројувам други правописни грешки, ај што тој како научен кадар не објавил ниту еден труд со импакт фактор, туку ми е мака што ја извртува вистината. Демек, реферира на мене кога вели дека сме барале изговор да не дебатираме во хотел (“славната сцена” пред Ал. Палас за која уште ме плукаат и едните и другите), а не кажува дека го одбија нашето барање за учество во Собраниската комисија, разговори тој имаше со Силјановска и уште неколкумина (плус од студентски пленум) во Влада и дека Иванов одби да стави суспензивно вето. Патем во собранието се соочи со ректорот и протекторот - ама ништо не разбра!

Уште тврди дека пленумите биле да го уриваат него. Каква КОЛОСАЛНА грешка му беше државниот испит (импакт факторот го воведе отпосле за да ги дисциплинира професорите кои им се придружија на студентите)! Сакаше контрола над универзитетот со укинување на нашиот статус на ултимативни наставници и испитувачи.

— реклама —

Во сиот калабалак нему му се случи ЗЗ што нема никаква врска со универзитетските работи и Шангај. Пленумот всушност престана да постои во моментот кога се појавија и инфилтрираа шарените. Јас прва излегов и побарав да се избрише моето име кога ги видов таму Фрчкоски и компанија. Знаев дека таквите уво не ги боли за наука.

Но, и тогаш и сега признавам само една работа: секој професор има врвна морална и академска задача да се погледне во огледало и да си го провери си-ви-то, па после да мудрува за рејтингот на универзитетот. Ние мораме да тргнеме од себе, Не може луѓе со индекс на цитираност НУЛА на сите релевантни листи да делат совети. Не може да кукаат за низок буџет за наука луѓе кои не знаат ниту еден светски јазик, кои не излегле подалеку од Табановце, за кои БиХ и Србија се “иностранство”, кои не учествувале во ниту еден меѓународен проект или светска конференција, кои не ги знаат ниту ги цитираат…

И така, пак е сезона во која Шангајската листа станува божем најважна тема во земјава во која никој не се вложува себе си во она што го работи, во која луѓе горат и никој не одговара за тоа (за жал и во тоа на извесен начин се вклучени професори).

За некои работи Груевски можеби беше во право (сега критериумите се симнаа и сите се лагодни и редовни професори), но начинот и мотивите му беа дискутабилни. Мене нека не ме спомнува ни индиректно зошто може да ме најде и во web of science и во scopus и каде сака…

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања