Промени тема
Контакт

За неколку дена државата потроши над 9 милиони евра за купување на струја, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-4

Власта купува 5 пати поскапа струја, од тоа што државата сама може да произведе, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Во изминатите неколку дена државата потроши над 9 милиони евра за купување на струја, по цена и до 250 евра од мегават час. Тоа е и до 5 пати повеќе отколку цената на произведен мегават час од македонските електрани.

Нема домашно производство и половина од потрошувачката е увозна затоа што Заев ги испразни езерата и ги остави на раб на исчезнување, а РЕК го остави без јаглен.

— реклама —

Во сред грејна сезона нема јаглен на депонијата во РЕК.

Власта наместо да инвестира во нови ископи и копање на јаглен се фели на матни тендери и ги потроши парите на граѓаните, за сега да префрла нови 65 милиони евра на ЕЛЕМ и МЕПСО да ги покриваат дупките кои сами ги создадоа.

— реклама —

Доколку на време се копаше јаглен во РЕК, и акумулациите се третираа професионално, сега воопшто немаше да има потреба ниту од увоз на јаглен, ниту од увоз на скапа струја, ниту од никакви други матни тендери. Но наместо на работа, власта се фрли на криминал. И затоа сме пред енергетски колапс.

— реклама —

Оваа власт нема капацитет да се справи со енергетската криза.

Оваа власт мора да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања