Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

За новата стратегија во надворешната политика ќе се консултираат и граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
osmani

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција ги претстави новите проекти, збир од активности кои треба да резултираат со создавање нова десетгодишна надворешно-политичка Стратегија - Рефлексија 2030, со која ќе се формира нова доктрина на работата на дипломатијата, прилагодена на современите демократски текови, нови геополитички позиционирање, но и на новата, реална општествено-политичка околност на Република Северна Македонија.

— реклама —

„Иако имаме многу работа и понатаму, можеме да констатираме дека нашите стратешки цели влегуваат во една врамена, предвидлива фаза која покажува издржливост на секојдневните предизвици и закани. Оттаму, мислам дека сега е вистинско време да направиме пресек на досегашната улога на надворешната политика и постигнатите резултати, на некој начин да подвлечеме црта, и да направиме еден вид проекција, или уште подобро РЕФЛЕКСИЈА за идните надворешно политички приоритети на земјата како полноправен партнер на евро-атлантската заедница и активен чинител на мултилатерален план “, истакна Османи.

— реклама —

Министерот Османи, соопшти дека новата Стратегија-Рефлексија 2030 ќе се создава преку широк консултативен процес, поставен на три столба: широки граѓански консултации, организирани тематски конференции и формирање на Стратешки совет за надворешна политика.

„Водејќи се од основната премиса, дека Надворешната политика всушност почнува внатре, дома, започнуваме со широки граѓански консултации, како прв столб на новата стратегија – Рефлексија 2030. Се работи за партиципативни демократски средби, кои ќе се одржуваат во општините ширум Северна Македонија, и преку кои ќе се обидеме да ги зацврстиме врските помеѓу обичниот граѓанин и евро-атлантската интеграција на земјата. А процесот на инклузивност ќе го засилиме и на повисоко, експертско и стручно ниво, преку организирани тематски конференции за Рефлексија 2030, како втор столб на стратегијата. Целта е во еден инклузивен и транспарентен процес, на највисоко можно академско, експертско, стручно, па и политичко ниво, да се опфатат теми кои се дел од приоритетите на надворешната политика. На крајот, предвидов овој процес да добие и своја институционална форма преку создавање на т.н. Стратешки совет за надворешна политика, ова е третиот столб на стратегијата, постојано тело во рамките на Министерството за надворешни работи. Ова советодавно тело ќе преставува еден вид Управувачки одбор каде по можност: најдобрите, најстручните и најискусните ресурси кои ги има државава, ќе бидат ставени во функција на следење, анализирање и транспонирање на политичките и стратешките правци на земјава во конкретни политики за надворешни работи“, нагласи Османи.

Новата десетгодишна стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија - Рефлексија 2030, треба да биде изготвена до крајот на годината, а ќе биде претставена и консултирана и со останатите институции надлежни за надворешната политика како што се Претседателот, Премиерот, но и надлежните комисии и совети во Собранието.

фото: Министерство за надворешни работи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања