Одбележувањето на годишнинатата од раѓањето на Гоце Делчев, за министерот за надворешни работи, Бујар Османи бил позитивен настан. За него бил добар политички гест бугарска делегација да учествува на настанот, иако двете држави имаат различни погледи на Гоце Делчев.
„Независно од малите странични инциденти, вчерашниот ден беше позитивен. Заедничкото одбележување на настаните, е продукт на историската комисија. Имаме предуслови за пет историски личности за св. Климент Охридски и св. Кирил и Методиј, заеднички да ги одбележуваме. Бидејќи историската комисија има заеднички поглед кон нив. Гоце Делчев не е предмет на официјално заедничко одбележување, се уште се разговара за него. Се уште се разговара за неговата улога. Вчера беше одлука на двете Влади кои ќе испратат делегации за одбележување на овој ден, но се уште има разлики во интерпретации“, рече Османи.
Прашан што бара Македонија од Бугарија, тој вели: „Барањето на Македонија е да се прифати преговарачката рамка по однос на идентитетските атрибути како и јазикот и да се одржи меѓувладината конференција. А сите други прашања да се поврзат со отпочнувањето на преговорите“.
„Важно е сите прашања кои се важни за Бугарија и Македонија да бидат поврзани во роковник во рамки на еден договорен пакет. Сметам дека на тој начин ќе имаме гаранции дека тука го затвораме ова прашање и нема да разговараме за него понатаму“, рече Османи.