Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

За пензионерите, лицата со попреченост и ретки болести ќе имаат бенефиции и поволности, ветува Шилегов за да добие нов мандат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Пензионерите, лицата со попреченост и лицата со ретки болести се само дел од категориите на граѓани кои ќе добијат бројни социјални поволности и бенефицирани услуги од страна на градот Скопје во следните четири години, најавува Петре Шилегов од СДСМ.

— реклама —

„Повеќе од 85 илјади пензионери ќе можат секојдневно бесплатно да ја користат јавниот превоз. На овој начин, покрај намалување на градскиот сообраќаен метеж, градот Скопје директно ќе придонесе кон заштеда на семејниот буџет на оваа важна категорија граѓани, но уште поважно, ќе овозможи побезбедно патување имајќи ги предвид безбедносните мерки против Ковид-19, што директно ги засега повозрасните граѓани кои се ризична категорија. Исто така, со оваа мерка ќе се намали и метежот во јавниот превоз, што ќе вратат и голем број на помлади патници. Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од градот. Затоа им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби. Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе можат слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само вторник и петок. На тој начин го запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа, или на училиште, вели Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања