Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

За Пехчевски, министерот Меџити ја помина црвената линија: и лекот ќе го набавиш и оштета ќе ми платиш во Судот во Стразбур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
20230707190027

„ЦРВЕНТА линија веќе ја помина министер Фатмир Меџити и лекот ќе го НАБАВИШ и ОШТЕТА ќе ми платиш за НАВРЕДА и ОМАЛОВАЖУВАЊЕ на пациент кој бара ЛЕК во Судот за човекови права во СТРАЗБУР

— реклама —

И ПРОДОЛЖИ повторно да си ПОИГРУВАШ со нас ПАЦИЕНТИТЕ

Срамота е, наместо лекови, ниe добивме ваков министер за здравство, со што го заслуживме ова – бурни рекации по скандалозната изјава на министерот за здравство Меџити кој пациентот што се бори за живот и моли да го добие лекот „трикафта„ го нарече шоумен. Бруталното обвинување на министерот се однесуваше на пациентот со цистична фиброза Игор Пехчевски кој со месеци очајно моли за лекот преку медиумите. Тој во изјава за Алфа, бара јавно извинување од Меџити и најави тужба до судот за човекови права во Стразбур.

— реклама —

Инаку Меџити, кој повеќе се занимава со паркингот на клиничкии и со менување директори, вчера во настап за „Макфакс„ го нападна Пехчевски испровоциран од прашањето дали пациентот ќе го добие лекот ако му се влоши состојбата.

„Вие знаете дека пред два месеци излегуваше еден пациент и правеше шоу на телевизија. Не може пациент да одлучи дали му треба лек или не му треба лек. За тоа во Македонија има профисионалци кои одлучуваат затоа” – кажа Меџити за „Макфакс“.

Изјавата на Меџити предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а граѓаните реагираат дека политичарите се виновни што земјата се наоѓа во ваква ситуација.

– Болните бараат лек, а вие политичарите правите циркуз од здравството, образованието и целиот систем, вели еден граѓанин.

– Никој не прави шоу, вие само си ги зголемувате платите, а пари за луѓето со тешки болести нема. Сè уништивте, се пожали корисничка на фејсбук.

– Се бори за живот и тоа е многу? Не смее да се бори ли за живот? Кога ќе дојдете на власт, веднаш заборавате сè, обвини друг граѓанин.

Најновото ветување за болните од цистична фиброза од здравствените власти е дека „Трикафта“ до крајот на годината ќе добијат најмалку 42 пациенти. А на листата не чекање се 120 пацинети“, стои во објавата.

Ова е фејсбук статус на еден од болните од цистична фиброза, Игор Пехчевски, откако министерот за медиумите го нарекол шоумен.

Тој во изјава за Алфа, бара јавно извинување од Меџити и најави тужба до судот за човекови права во Стразбур.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања