Промени тема
Контакт

За помалку од седум дена, Израел успеа значително да ги деградира воените способности на Хезболах

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-09-22-at-10.20.42

За помалку од седум дена, Израел успеа значително да ги деградира воените способности, комуникациските системи и синџирот на команда на Хезболах.

Последната ескалација на конфликтот на Блискиот исток доаѓа откако израелските власти одлучија дека соочени со континуираната закана од Хезболах на северот на земјата, безбедносниот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да постави нова воена цел - безбедно враќање на израелските жители на северот од земјата.

Сепак, лидерот на Хезболах, Хасан Насралах не попушта, пишува Ханин Гадар од Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика во својата анализа за надворешна политика.

— реклама —

Насралах ги удвои нападите врз северен Израел, одби да се повлече и се закани дека „никаква воена ескалација, никакви убиства, атентати и сеопфатна војна не можат да ги вратат жителите на границата“.

Веднаш по неговиот говор, Израел погоди приближно 30 ракетни лансери и инфраструктурни објекти на Хезболах со приближно 150 ракетни цевки.

ИД погоди и складишта за оружје на Хезболах во неколку области во јужен Либан, проследено со поинтензивни напади во текот на викендот, а Израел во саботата тврдеше дека уништил 400 ракетни фрлачи низ Либан и долината Беку.

— реклама —

Имено, Израел со своите прецизни напади успеа да го ликвидира речиси целото раководство на Хезболах: Висам ал Тавил, Талеб Абдула, Фуад Шукра и други. Уништена е и воената инфраструктура на Хезболах јужно од реката Литани, заедно со голем број магацини со оружје и воена инфраструктура низ Либан, така што одговорот на милитантната група главно беше фокусиран на северен Израел, таргетирајќи ги воените бази и воената инфраструктура.

Ако Израел го прошири опсегот на цели за да ги погоди напредните воени средства, како што се објектите што складираат и произведуваат проектили со прецизно наведување, Хезболах може да ја преиспита својата закана за северот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4ti35pjjdk2lbSNPLvL

Израел ја отвори првата амбасада во Словенија, пред зградата протестираа пропалестински демонстранти

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху нареди евакуација на израелски населби на Западниот Брег

Свет | пред 3 дена

media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl

Најмалку четири лица загинаа во израелските напади врз јужен Либан, 20 се повредени

Свет | пред 3 дена

napad-liban

Нови напади во јужен Либан: Израел тврди дека Хезболах лансирал два дрона

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања