„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

За поубава и побогата 2019 година утре засадите Божиќна пченица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
pcenica

Раѓањето на Исус Христос - Божик е најрадосен ден во семејството. Се прославува со богата трпеза, има и низа обичаи во зависност од регионот, но еден се чини е исти насеаде. Тоа е Божиќно жито.

— реклама —

За да порасне до Божик , житото кое е симбол на просперитет, здравје и богатство треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

— реклама —

За садењето ви е потребно една шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите. Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат. До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.

Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.

Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода. Се става одозгора за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.

Пред да се стави на маса, житото се поткаструва со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања