Промени тема
Контакт

За пожарот кај Велес ќе се активира и ПП возот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
241180935_550976056140047_1763023106788836191_n

Пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл'п, зафаќа површина од околу 200 ha ниско стеблеста шума, трња и габер.

— реклама —

„Во моментот на терен се екипа од ШС Бабуна со 10 вработени, ТППЕ Велес со 6 пожарникари и 2 возила. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и с.Сл'п. Пожарот во 13.00 ч. во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу железничката станица, заради временските услови, односно појава на ветер истиот повторно е активен и е во непристапен терен.

— реклама —

Од страна на Македонски железници е доставено околу 200 L вода за полнење на мешаните (напретњачи), исто така според последните информации ќе биде активиран и ПП возот. Екипите од ШС Бабуна и ТППЕ Велес остануваат на терен до целосно ликвидирање на истиот“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања