За прв пат изведена трансплантација на лигамент од починат донор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272761996_349414900295631_2665136779869804462_n

На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор.

— реклама —

„Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката.

— реклама —

Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Ревизијата се направи со графт од починат донор. Пациентот постоперативно се чувствува одлично и пред него е период на рехабилитација.

— реклама —

Ова е деветта трансплантација од починат донор во последните десет месеци на Клиниката за Ортопедија. По првата експлантација што ја направи тимот од Клиниката на 17 април минатата година, до денес се направени пет експлантации и девет трансплантаци на коскено и меко ткиво. На пет пациенти со малигна болест им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значтелно им се подобри нивниот квалитет на живот, а денес за прв пат трансплантиравме и мекоткивен графт односно лигамент кај млад пациент со сериозна повреда. Од почетокот на 2021 година на Клиниката е возобновена и Банката за коскени ткива каде се чуваат експлантираните графтови.

Благодарност до колегите од Клиниката за ортопедија кои го препознаа значењето на трансплантацијата во третманот на ортопедските болести.и отворија можност за нови методи на хируршко лекување на пациетите.

Благодарност до семејствата кои носат храбри одлуки да ги донираат органите од своите блиски. Нивната хуманост нека биде пример за сите нас“, вели министерот за здравство Беким Сали

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања