„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За шест дена ќе биде врвот на смртни случаи, смета професорот Трајковски, според кого ова е 21 најлош ден по смртност од корона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
koronavirus-kovid-skopje

Професорот Дејан Трајковски кој предава на Техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола направи анализа на смртните случаи во Македонија, како последица на коронавирусот. Од неговата објава може да се заклучи дека од почетокот на пандемијата до сега, дури во 20 денови имало поголем број на починати лица од денешниот.

— реклама —

„Ефективниот репродукциски број Rt, поточно неговата седумдневна просечна вредност практично е на единица. Меѓутоа, бидејќи ова е задоцнет индикатор, деновиве преносливоста е веќе единечна, па дури и малку под единечна. Со други зборови, епидемијата започна да забавува.

— реклама —

Ова најдобро го гледаме на дијаграмот на втората слика, за дневниот број на нови случаи во логаритамски координати. Забележуваме дека последните 4 дена имаме линеарно намалување на логаритамот на дневната промена, а тоа значи нејзино експоненцијално намалување. Оттука дури можеме да предвидиме дека до 10 септември дневниот број на случаи би опаднал најмалку до 500, ако не и повеќе, знаејќи дека близу врвот наклонот е помал, а потоа се зголемува. Подвижната средина (зелената линија) е веќе рамна, што значи дека во просек во изминатите 7 дена дневните броеви во просек стагнирале со растот.

На фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи, на третата слика) забележуваме дека бројот на активни случаи забавува со раст, а максимумот ќе бида достигнат при околу 15.000 случаи, за околу 6 дена (во насока на портокаловата стрелка).

Приближно во исто време ќе настапи и врвот на бројот на смртни случаи, но истиот не би требало да искачи многу над 40 случаи дневно (на дијаграмот на четвртата слика. Инаку ова е дваесетипрвиот најлош ден според дневниот број на починати. Звучи нестварно, но дури 20 дена биле поцрни од денешниот.

Заклучно со денеска, 27.08.2021, бројот на починати од Делта сојот се искачи на 330, од околу 7.655 дијагностицирани, со што стапката на леталитет останува натпросечно висока, цели 4,31% - една од највисоките на светот“, пишува професорот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања