Промени тема
Контакт

За шест месеци граѓаните наплатиле 4,6 милиони евра од животно осигурување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zivotno_osiguruvanje_212343-678x381-1

Пет осигурителни компании исплатија 281,3 милиони денари (4,57 мил.евра) за осигурување живот на свои осигуреници во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани исплатените износи (бруто исплатени штети БИШ), за осигурување живот кои осигуреници ги наплатиле, се зголемени за 42 отсто односно 1,36 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Осигурителните полиси за осигурување живот, во зависност од условите на договорот т.е. полисата, покриваат ризици од смрт, инвалидитет, но воедно и многу често можат да бидат и начин на штедење. При тоа осигуреникот освен вложените средства може да добие и дел од приносот (камата) на вложените средства. Најголемо учество во вкупната исплата имаат полиси за животно осигурување кај кои осигуреникот добива и дел од приносот (камата) на вложените средства.

— реклама —
— реклама —

По тој основ во првото полугодие годинаа се исплатени 245,9 милиони денари (4 мил.евра). Значајно за истакнување е тоа што во овој период компаниите исплатиле 86,77 милиони денари (1,4 мил.евра) на осигуреници кои одлучиле пред истек на договорениот рок за осигурување да ги повлечат своите вложени пари (таканаречен „откуп на полиса“). Во споредба со истиот период лани овој износ годинава е повисок за 36 отсто.

— реклама —

Откупот на полиси во пракса може често да се случи доколку осигуреникот добие подобри услови за вложување во некоја од конкурентските компании за осигурување живот. Кај набрзо растечкиот од продуктите на осигурување живот т.н. „јунит линкд“, кога осигуреникот го прифаќа ризикот од вложување во удели на инвестициски фондови, има тенденција на раст на исплати. За првите шест месеци годинава иматели на вакви полиси наплатиле 10,46 милиони денари (170.000 евра) и тоа е за 91 отсто повеќе од истиот период 2020 година. Во првите шест месеци годинава граѓани и компании вложиле 908 милиони денари (14,76 милиони евра) или 9,6 отсто повеќе од истиот период лани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања