Промени тема
Контакт

За скопската градоначалничка фотелја копјата ќе се кршат меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

Скопјани в недела ќе бираат градоначалник во втор изборен круг. Во Град Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да бираат меѓу Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.

Според официјалните резултатите од ДИК во првиот круг Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, а Мециновиќ 30 665 гласови.

Уште во 4 скопски општини ќе има втор изборен круг. Ќе се гласа во Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари.

— реклама —

Во Карпош, 56 856 избирачи ќе одлучуваат меѓу Стевчо Јакимовски од ГРОМ, подржан од Коалицијата „Искуство за успех“ и кандидатот поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој на 19 октомври освои 10 284 гласови, а Јакимовски 8 761. Во првиот круг имаше уште тројца кандидати кои на свое конто имаа околу 3 000 гласови.

Во Аеродором изборот е меѓу Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите имаше 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Тука право на глас имаат 68 772 избирачи.

— реклама —

Очите на партиите се вперени и во скопски Центар.

— реклама —

Горан Герасимовски од СДСМ во првиот круг освои 8.535 гласови, а Мирослав Лабудовиќ ЗНАМ 5707 гласови. Тука има 44 109 гласачи.

За Шуто Оризари битка ќе има меѓу Курто Дудуш од Унија на Ромите кој во првиот круг освои 3 223 гласови и Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 1 841 глас.Во Шуто Оризари, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryf133ofh79mc4d49kAbq

Никој од 13-те повикани во станица не знаел од каде е информацијата за наводно загадената вода во Скопје

Скопје | пред 1 седмица

media-library5nuft857qi29eDkMkXM

Панорамски разглед по повод 63 години од земјотресот: Скопје ја претвори трагедијата во сила

Скопје | пред 1 месец

media-librarypr3blv40fpb1d5QFo4k

(Фото) Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ експресно отстранет по критиките за грешки направени со вештачка интелигенција

Скопје | пред 1 месец

media-librarya4a4p7ifcjsn57Ckkd8

(Видео) Ново обележје на влезот во главниот град

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања