За што ќе се трошат пари од буџетот следната година во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Општина Центар на денешната седница на Советот со 20 гласа „за“ и 3 „воздржани“ го донесе буџетот за 2022 година кој изнесува 708.570.000,00 денари. Донесувањето на буџетот помина без расправа по однос распределените финансии. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски пред самата расправа даде кратко резиме за буџетот објаснувајќи ја неговата проекција и предвидени средства. Тој рече дека станува збор за буџет кој во голем дел одговара и ги задоволува потребите на граѓаните особено во делот на инфраструктурните зафати и решенија, зеленилото и хигиената но и строгата контрола на давањето дозволи за градба.

— реклама —

„Со овие средства ќе реализираме проекти, еве како пример ќе ја дадам новата градинката во Пролет. Тоа е инвестиција која на голем број граѓани ќе им го реши проблемот со згрижување на деца. Досега не во Пролет туку и нема во околината предучилишна установа поради што родителите се снаоѓаа како знаат. Тој проблем ќе биде решен за нешто повеќе од една година. И во овој дел кај градинките за 2022 година издвојуваме 7.610.000 денари, за тековно оперативни зафати и за режиски трошоци. Во 2021 година за оваа намена беа издвоени 4.700.000,00 денари. Додека во образованието ги продолжуваме програмите за развој, како и наградите за првенец на генерација, доделување на стипендии за талентираните ученици, како и стипендии за ученици од семејства во социјален ризик. Воедно издвојуваме средства за обезбедување и олеснување на буџетите на родителите за набавка на средства за хигиена“, изјави Герасимовски.

— реклама —

Герасимовски посочи дека Буџетот за 2022 година решава голем дел од трите клучни проблеми кои ги потенцирале граѓаните во предизборниот период, а се однесуваат на проблемите со паркирањето, хигиената и зеленилото и урбанизмот во општината.

— реклама —

„Во буџетот предвидуваме и средства за одржување на зеленилото кое беше јасно барање на граѓаните во предизборниот период. Согласно нивните барања го зголемивме за речиси 1 милион денари споредбено со минатата 2021 година односно од 3.050.000,00 денари сега средствата се зголемени за 25% за одржување на зеленилото. Исто така ја реактивираме програмата за обезбедување на парковите и урбаната опрема за што во

буџетот проектирани се 2 милиони денари“, изјави Герасимовски.

За нова урбана опрема за 2022 година Општина Центар издвојува 7.200.000,00 денари наспроти 5.650.000,00 колку што беа планирани во 2021 година односно зголемување од 27 отсто. За социјална помош, во овој предлог буџет се планираат средства во износ од 3.000.000,00 денари или зголемување од 500.000 денари за финансиска поддршка за жителите на Општина Центар.

Bо буџетот исто така проектирани се средства за проектот „Сервис за стари лица“ – Центар се грижи за повозрасните, за кој се издвојуваат 4.900.000,00 денари, за посета на возрасните лица од страна на лиценцирани негователи 6 часа неделно. За поддршка на култура и спортските клубови не вклучувајќи го „Работнички“ минатата година не беа издвоени средства додека во овој буџет Општина Центар за 2022 година планира 1 милион денари за култура и 2 милион денари за спорт.

На денешната седница исто така беше донесена и одлуката за извршување на буџетот на Општина Центар со 23 гласа „за“ при што заврши и третата седница од новиот состав во Општина Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања