Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

За три месеци смени став: Арсовска откри зошто ја разреши директорката Косана Мазнева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
kosana-mazneva

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ѝ замерила на директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева оти не работела колку што таа очекувала, а не ја реализирала ниту изборната кампања, па затоа ја разрешила. Овој став доаѓа по три месеци откако Арсовска ја бранеше Мазнева пред новинари, ја претстави како храбра директорка која презела чекори како ниту еден маж.

— реклама —

Оскудно, без детали, Арсовска одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека ќе останат само тие што ќе реализираат.

„Јас како градоначалничка кажав дека не е загарантирана ниту една позиција доколку не се реализира програмата на Град Скопје и она е тоа што го правиме во моментов. Даваме шанса на некој којшто веруваме дека во следниот шестмесечен период ќе ги реализира нашите програми“, кажа Арсовска.

— реклама —

Иако во јавност е кажана, сепак, во решението за разрешување на Мазнева, оваа причина не е впишана. Вчера, разрешената директорка за медиумите посочи дека не знае која е причината за ваквиот чекор.

— реклама —

kosana-mazneva-danela-arsovska

Мазнева е разрешена т.е шутната од Данела Арсовска поради недоразбирање околу некој тендер, тврди Јоци

Разрешувањето на директорката на „Комунална хигиена“, Косана Николиќ-Мазнева, се најде како тема на анализа кај политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци.„Неофицијално, Косана Николиќ-Мазнева е разрешена т.е шутната од Данела Арсовска поради недоразбирање околу некој тендер. Не се познати детали. Дали е случајност или не, на 19 октомври, следната недела, ,,Комунална хигиена" мора да распише, а месецов и да склучи - едногодишен габаритен тендер за нафта. Лани, тој тендер беше околу 2,1 мил

Коментари | пред 2 години

— реклама —

Арсовска рече дека во случајов немало влијание од ниту една политичка структура за оваа одлука, а ниту пак новоназначениот директор на претпријатието Гоце Трајковски има некаква комуникација со некоја политичка структура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања