„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За угостителскиот еснаф погрешен е тајмингот во кој се рушат плажите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
plaza-3

Не треба сега да се преземаат акции за рушење на атрактивни плажи, тајмингот е погрешен е ставот на охридскиот угостителски еснаф.

— реклама —

Затоа и побаравме итна седница на советот и одлагање на рушењето до крајот на туристичката сезона, вели претсетателот на здружението „Охридски еснаф“, Михаил Мишев.

– Вакви акции не треба сега да се реализираат, погрешен е тајмингот. На нашето барање единствено ни одговори Советот, дека немаат ингеренции да решатаа по тоа, ние бевме малку затекнати. Можеше баерм да се организира средба на која ќе се продискутира околу овие актуелни прашања. Најголем фокус на нашето барање беше дека вакви акции не требаше баш сега да се одржуваат, без разлика, ние не сакавме да задираме во законитоста на работењето на објектите и нивната градба туку сметаме дека е погрешен тајмингот кога се случуваат таквите дејствија, потенцира Мишев.

— реклама —

Со ова се согласува и првиот човек на Независната угостителска комора, чија членка е охридското здружение.

– Не ни се допаѓа дека пред сеозна се руши. Пред било што да се руши треба да се има соодветна стратегија како понатаму ќе се користи тоа место, ако ја нема тоа ќе значи избрзано и краткорочно решление и ќе направи штети, подвлече Здравко Јосифоски.

Од утрово охридските плажи Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш се без напојување со елекрична енергија. Овие плажи немаат договори за концеси, а се опфатени со ГУП. Оние што не се опфатени се веќе срушени. На десетина дена до истекот на рокот, деновиве беше урната плажата Atlantic во Елешец. Градоначалникот Константин Георгиески неодамна обелодени дека поранешни концесионери на плажи на брегот на Охридското Езеро во период кога немале активни договори за концесија остварувале милиони денари приход.

Георгиески најави дека во текот на наредниот период ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план.

извор: ОхридПрес

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања