Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

За викендот изречени над 1700 сообраќајни казни – најмногу за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
policija

Во текот на изминатиот викенд (12 и 13 јули), полициските службеници низ државата спроведоа засилени сообраќајни контроли, при што се изречени вкупно 1711 платни налози за различни прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Најголем дел од казните – дури 828 – се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Дополнително, санкционирани се 148 лица кои управувале возило без возачка дозвола, а 80 возачи се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол.

Контролите откриле и 70 мотоциклисти кои не носеле заштитна кацига, како и 184 прекршоци поради неправилно паркирање. За некористење сигурносен појас биле казнети 71 возач, а 44 лица се санкционирани за зборување на мобилен телефон при возење. Забележани се и четири случаи на минување на црвено светло, а казни добиле и 11 пешаци.

— реклама —

Од сообраќај се отстранети 37 нерегистрирани возила, како и девет технички неисправни.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, со апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и да придонесат кон поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања