Во реакциите кои стигнаа од функционери во власта, како и од Бихаќка, со остри тонови се негодува на ваквата одлука бидејќи, според нив, се поткопува довербата во судскиот систем
Денешниот театар на министерот Бојан Маричиќ и СДСМ во врска со ослободувањето на Сашо Мијалков е евтин театар, велат од ВМРО-ДПМНЕ во првичната реакција по одлуката на Апелацискиот суд да го укине притворот и негативни реакции од власта.
„Во услови кога државава е 111-то место на скалата за корупција и најкорумпирана во Европа, кога се прават списоци за помилување по партиска желба на власта и кога власта со истите свои инсталации во судството не реагира за ниту една афера и криминал, евтин е театарот којшто денес го изведува Маричиќ и СДСМ, партија која ја раководат корумпирани политичари и е во нераскинлива врска со криминалот“, гласи ставот кој го испратија од ВМРО-ДПМНЕ до медиумите.