Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Забрана за капење во Тиват: Во морето пронајдени бактерии над дозволените граници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
HDevgnkNxU-sokriena-plaza-vo-crna-gora-koja-izgleda-kako-da-ste-na-karibite
Илустрација

Капењето е забрането на купалиштето „Доња Ластва 01“ во Тиват, откако последните анализи покажале дека морската вода не ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет.

— реклама —

Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора соопшти дека редовните анализи биле направени на 18 август, а дополнителни вонредни примероци биле земени на 21 и 24 август.

Резултатите покажале зголемено присуство на индикаторски бактерии, меѓу кои E. coli и цревни ентерококи, над дозволените гранични вредности утврдени со правилникот за квалитет на водата за капење.

— реклама —

По добивањето на резултатите, контролорот на Јавното претпријатие го известил корисникот на купалиштето 4Б во Доња Ластва и му наложил да постави црвено знаме, со што се означува забрана за капење.

— реклама —

Забраната ќе остане во сила додека резултатите од анализите не покажат дека квалитетот на морската вода повторно ги исполнува пропишаните параметри.

Од Јавното претпријатие за управување со морското добро во меѓувреме побарале од Институтот за биологија на морето да спроведе дополнителни вонредни земања примероци и анализи на водата.

— реклама —

Мерката ќе продолжи да се применува сè до добивањето резултати со кои ќе се потврди дека водата на оваа локација е безбедна за капење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygbuvuiv203t88ECHaBn

Црна Гора ја забрзува европската интеграција, затворени уште две преговарачки поглавја

Балкан | пред 4 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би можела да го потпише договорот за членство во ЕУ во јуни 2027 година

Свет | пред 1 седмица

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања