Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Забрането капење на четири плажи во Црна Гора поради загадена морска вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
crna-gora

На четири плажи во Црна Гора е истакнато црвено знаме, што означува забрана за капење поради лош квалитет на морската вода.

— реклама —

Станува збор за плажите „Жукотрлица 02“ и „Жукотрлица 03“ во Бар, како и „Словенска плажа 01“ и „Пржно“ во Будва, каде што анализите покажале дека водата не ги исполнува санитарните стандарди.

— реклама —

Според Институтот за биологија на морето, анализите биле спроведени од 20 до 23 јули на вкупно 114 локации. Резултатите покажале дека на 78,9 проценти од плажите морската вода е со одличен квалитет, на 8,8 проценти добар, на исто толку локации задоволителен, додека на 3,5 проценти е оценета како лоша.

Во Улцињ, од 18 испитани плажи, на 14 водата е со одличен квалитет, на две е добра, а на две задоволителна. Во Бар, освен двете плажи со забрана за капење, на останатите 13 водата е оценета како одлична.

— реклама —

Во Будва, од вкупно 34 анализирани плажи, на 27 водата е одлична, на две добра, на три задоволителна, а на две е утврден лош квалитет. Во Тиват, Котор и Херцег Нови најголемиот дел од плажите имаат одличен или добар квалитет на водата.

— реклама —

Резултатите се доставени до надлежниот инспектор за води, кој треба да преземе соодветни мерки, додека Институтот ќе продолжи со дополнителни анализи на плажите каде што е утврдено загадување и навремено ќе ја информира јавноста за новите резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пленковиќ со ултиматум до Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 3 дена

media-librarygbuvuiv203t88ECHaBn

Црна Гора ја забрзува европската интеграција, затворени уште две преговарачки поглавја

Балкан | пред 5 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би можела да го потпише договорот за членство во ЕУ во јуни 2027 година

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања