„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Задушница е молитвено застапништво за починатите, а не во тоа колку количество храна ќе се раздаде на гробиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zadusnica

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден е Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.

— реклама —

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

„Молитвата и милосрдните дела се најпотребното за спасение на душите на покојниците но и за нашите души. И само еден гладен да нахраниме, сме направиле повеќе отколку сите формални процедури и обичаи да ги извршиме и најбогатите трпези на светот да ги поставиме врз гробот, за да јадат само оние кои се веќе најадени и не страдаат од глад“, пишува „Покајание.мк“.

— реклама —

Во земјава има и чудни овичаи и адети поврзани со овој ден.

Според обичајот, во одредени краишта од земјава  уште в сабота навечер се оди гробиштата, за да преноќат, а другиот ден ќе делат и ќе оставаат храна на гробовите. На тој начин сметаат дека им оддале почит на починатите. Теолозите, пак, нагласуваат дека овие наследени адети меѓу луѓето се пренесуваат со генерации и претставуваат суеверие.

Свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија веќе неколку години апелираат верниците да ги напуштат овие обичаи и да му се посветат на христијанскиот начин на одбележување на задушница и Духовден. Велат дека верниците треба да ги слушаат свештениците, кои изминатите години постојано зборуваат дека задушницата се состои во молитвено застапништво за починатите, а не во тоа колку количество храна ќе се раздаде на гробиштата.

Духовден, пак, се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Според православната црква, постојат три задушници. Првата во годината е пролетната задушница, која се поврзува со почетокот на велигденски пост, односно саботата пред почетокот на постот. Потоа, следува духовденската задушница, која се одбележува во саботата пред празникот Духовден, односно на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. На крајот од годината следува митровденската задушница, пред празникот Митровден.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања