Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Заев: Ако Град Скопје да продолжи да се развива, ќе продолжи и развојот на Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари каде разговараше за понудата на СДСМ и коалицијата за претстојните локални избори.

— реклама —

Наша цел е, порача Заев заедно со Ферат Асан да ги мултиплицираме ефектите и да го подигнеме стандардот во урбаното живеење, во комуналната инфраструктура, квалитетот на образовниот процес и во детските градинки и во основните училишта, но и да го подигнеме економскиот стандард на сограѓаните Роми.

Претседателот Заев повика дека е потребно обединување за да продолжи напредокот на општините, како и развојот на државата.

— реклама —

„Важно е да го постигнеме единството и мене ми е мило што тоа го постигнуваме. Овие денови праќаме порака до сите други кандидати да дојдат и да се обединиме, и тие доаѓаат се приклучуваат. Сите знаат дека овде Асан победува. Како коалиција сме многу силно заедно, затоа што сме мултиетничка коалиција, затоа што сме едно заедничко општество каде сите се со еднакви шанси„ порача Заев.

Претседателот Заев од присутните побара поддршка и за нов мандат на кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов.

„Многу е важно Град Скопје да продолжи по патот на развојот, тоа е гаранција дека и развојот на скопските општини и развојот на Шуто Оризари ќе продолжат. Затоа во недела да гласаме и за Петре Шилегов, за нов мандат градоначалник на Град Скопје“ повика претседателот Заев во Шуто Оризари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања