„Додека не заврши истрагата предводена од Јавното обвинителство, чесно е извршната власт да не се истрчува со претходни детали што може да бидат дел од предистражна или истражна постапка што ја водат истражните органи. Штом Јавното обвинителство ќе даде пас и тоа на било кој начин ќе го обелодени, ние ќе ги соопштиме сите детали од аспект на извршната власт, пред се, од Министерството за внатрешни работи“, рече премерот Зоран Заев, одговарјќи на новинарско прашање за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.
Заев уште додаде дека ако постои одговорност некаде, и доколку тоа се потврди со конкретни докази и аргументи, одговорноста ќе се понесе почнувајќи од мене, министер, директори, сектори во МВР или било која друга државна институција од извршната власт.
-Тука нема дилеми. Уште еднаш потенцирам тајни договори кои значат избегнување на правда немало и нема да има, рече Заев.