„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев: Би заменил и две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2-1-1-1

Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“, насловено „Заев: Зелено светло или оставка“, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори со Северна Македонија. Тој додава дека ако не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.

— реклама —

-Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.

Според Заев, доколку од европска страна не не испочитуваат, граѓаните би можеле да се свртат кон националистичките струи во земјата.

— реклама —

-Ризикот е враќањето на национализмот и радикализмот во нашата земја. Поминавме низ овој ризик во последните единаесет години. Имавме „хибриден“ режим кој ги уништи сите демократски права и слободи, сите основи на нормална земја, и ризикот е да се вратиме во тоа време, одговара премиерот.

Запрашан дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас, откако беа предложени по усвојувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека датумот за преговори му е поважен.

„Би заменил и две Нобелови награди за таа одлука на Европскиот Совет, за мене е огромна чест што сум номиниран, ние сме мала земја, но нашата награда е потврдата на нашата работа, и единствената потврда која значи во овој момент е одлуката на Европскиот Совет. Тоа е најдобрата награда. Ако добијам Нобелова, ќе му ја дадам на Европскиот Совет“, вели низ шега Заев.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања