„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев – Брнз: Извршната наредба на претседателот Бајден ги штити САД, Северна Македонија и сојузниците од нарушувања на мирот и стабилноста, од корупција и од загрозување на демократијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
11062021_PVRSM_Ambasadorka_SAD_Sredba_2

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите беше Извршната наредба издадена неделава од претседателот Бајден којашто содржи јасни критериуми во делот на санкции за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.

— реклама —

На средбата беа потенцирани клучните полиња поради чие загрозување може да настапи санкцијата предвидена со Извршната наредба, а истите може да се однесуваат на лица кои ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан, како и оние кои вршат корупција или ги загрозуваат човековите права и демократијата.

Разговарајќи за Извршната наредба, премиерот Заев и амбасадорката Брнз изразија заедничко задоволство што во актот на претседателот Бајден фокусот е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Владата на Северна Македонија, при тоа истакнувајќи ја штетата што корупцијата и ја нанесува и на надворешната политика, на националната безбедност и економската стабилност, како на САД, така на Северна Македонија и на останатите партнери и сојузници.

— реклама —

Заев и Брнз заеднички ја констатираа вредноста и ефективноста на Извршната наредба на претседателот Бајден особено ако се има предвид дека преку неа може да се оневозможи влез на физички субјекти и лица од Западен Балкан кои се одговорни за корупција, за злоупотреба на јавни или приватни средства за мито или за политички цели, како и за нарушување на мирот, стабилноста и демократијата.

Премиерот Заев изрази задоволство што на листата на меѓународни договори кои се значајни за регионот, покрај постоечките Дејтонскиoт договор, Резолуцијата 1244 на ООН и Охридскиот рамковен договор, во Извршната наредба е наведен и Договорот од Преспа, како еден од гарантите за безбедноста и стабилноста во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања