Заев: Бугарските предлози не се ни добрососедство ниту братско, најмалку европско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Zaev-Borisov-F

Премиерот Зоран Заев од Пробиштип, одговорајќи на новинарско прашања, истакна дека ако Бугарија не ги смени ставовите кон нашата земја, можеби ќе треба да се подготвиме дека ќе нема меѓувладина конференција во декември, а со тоа и нема да почнат преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

— реклама —

„Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не беа баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември“, кажа Заев во Пробиштип.

Македонските власти како и Германија, која е актуелен претседавач со Европската Унија, очекуваат првата меѓувладина конференција, како официјален почеток на преговорите, да се случи во декември. Отворените прашања на македонско - бугарската релација се тема на состанокот на мешовитата историска комисија, која ќе се одржи кон средината на месецов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања