Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заев четири недели мислеше како да го спаси Филипче, и на крај го обвини кабелот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Еден месец му требаше на Зоран Заев да смисли како да го спаси Венко Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе. Еден месец Заев молчеше и се переа од одговорност и на крај да утврдат дека никој не е виновен, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле. Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Оттаму додаваат дека Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен.

— реклама —

– Се што требало е да се опреми објектот со медицинска опрема и да биде подготвен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит. Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Опозициската партија очекува Јавното обвинителство да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството за здравство.

– Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања