Промени тема
Контакт

Заев: Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, затоа не верувам дека тој ќе формира нова партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
branko-i-zaev

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на партијата Бранко Црвенковски ќе формира нов политички субјект.

— реклама —

„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, затоа не верувам во вакви приказни кои се присутни во јавноста дека тој ќе формира нова партија, но дефинитивно треба да го прашате. Тој беше претседател на партијата долг период, претседател на државата. Верувам дека шпекулациите како и за многу други работи се присутни. СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и преземање на власта. Нашата намера е така да продолжиме. Ние на овие избори повторно ќе настапиме со единство, ќе ги избереме најдобрите кандидати. Граѓаните очекуваат да ги препознаеме вистинските ликови за да ги номинираме. Внимателно слушаме, истражуваме преку анкети“, рече Заев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања