Промени тема
Контакт

Заев: Да ги прифатиме пораките на празникот и да подадеме рака на оние на кои им е потребна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zoran-zaev-sednica-vlada-3

Да ги прифатиме пораките на празникот и да подадеме рака на оние на кои им е потребна. Денешниот ден, Христовото раѓање – Божик, е вечниот симбол на нашата надеж, дека Бог е со нас и дека преку вербата, можат да се пребродат и најтешките искушенија, порача премиерот во оставка Зоран Заев.

— реклама —

Тој во објава на Фејсбук ги повика верниците да ги прифатат пораките на празникот и да подадат рака на оној на кој што му е потребна.

— реклама —
— реклама —

– Ве повикувам да ги прифатиме пораките на празникот и да подадеме рака секому кому му е потребна помош, да даруваме безусловна љубов, да не заборавиме на добротворните дела, насмевката и радоста, оти само така сме корисни за нашето општество, за нашата држава. На припадниците на Католичката црква, како и на сите православни и други христијани коишто го слават Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар, им посакувам среќни празници. Христос се роди! Среќен Божик, напиша Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања