Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заев: Дијалогот на Владата со социјалните партнери и граѓанските организации е клучен во креирањето на политиките за примена на европските стандарди дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
01102021_PVRSM_Zaev_sredba-so-pretsedatelkata-na-Evropskiot-ekonomski-i-socijalen-komitet_4

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ја прими претседателката на Европскиот економски и социјален комитет Криста Швенг, која вчера и денеска е во нашата земја по повод Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан.

Премиерот Заев уште еднаш ја поздрави организацијата на форумот кој се одржува како подготвителен настан за Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој на 6 октомври во Словенија, ќе ги собере шефовите на држави и влади на земјите членки и на земјите од регионот, и ја нагласи важноста на централната тема на форумот „Зајакнување на пристапниот процес - Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“.

— реклама —

Претседателот на Владата Заев на средбата, на којашто присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, амбасадорот Дејвид Гир, нагласи дека очекува дека препораките од Форумот на граѓанските организации од Западен Балкан ќе бидат дел од новиот импетус за поддршка на проширувањето на кој е толку неопходен за да се направат потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ.

— реклама —

Заев потенцираше дека за Владата на Северна Македонија е апсолутно редовна практика дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во креирањето на политиките, особено во делот на имплементацијата на „зелената агенда“ во согласност со директивите на ЕУ.

— реклама —

Претседателката на Европскиот економски и социјален комитет Криста Швенг на средбата ја потврди определбата за забрзување на процесот за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан што од форумот во Скопје ќе биде вклучена во декларацијата на граѓанското општество од регионот и нагласи дека примерот на Република Северна Македонија е инспиративен заради големата посветеност што земјата ја манифестира за европеизација на своето општество и особено во делот на дијалогот со социјалните партнери и граѓанското општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања