Вие до денес јавно не го осудивте насилството, му рече премиерот Зоран Заев на опозицискиот лидер Христијан МИцкоски во вториот дел на ТВ дуелот на Канал 5.
До денес јавно не го осудите насилството, лузните мои кои ги гледате, крвта која се пролеа на столбовите на македонската демократија. Дали јавно го осудувате тоа што се случи на 27 април"?, го праша Заев директно Мицкоски.
„Насилствотот сум го осудил и пак го правам тоа. Го осудвам и поводот за да се изврши тоа насилство како и висината на казните. Имаме повратници учесници во ИСИС кои имаат помали казни од Ангелов или Чавков. Вие знаете дека има закани кон мене од припадници на групата осудена за Диво Насеље. Дали го осудувате тоа", реплицираше Мицкоски.
„Да, ама не како вас. Вие осудувате за насилство, а мрчите за пресудите", одговори Заев.
На ова Мицкоски реплицираше дека некако имал чувство како да биле блиски со Заев, оти му се обраќал со зборот „мрчите“.