Промени тема
Контакт

Заев - Дуда: Македонија треба веднаш да ги започне преговорите со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19112021_PVRSM_Sredba_Pretsedatel-na-Polska_1

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска беше домаќин на работен ручек организиран во чест на претседателот на Полска Анджеј Дуда кој е во официјална посета на Северна Македонија.

Премиерот Заев изрази благодарност до претседателот Дуда за охрабрувачките пораки што тој ги испраќа по однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и за севкупната помош што Полска ја обезбеди во неколку наврати за македонското здравство, вклучително и најновата донација од 200.070 дози Фајзер вакцини.

— реклама —

„Европа е нашата ѕвезда водилка, мотиватор за нашиот развој низ децении и векови и веруваме дека ЕУ нема да дозволи нашата надеж да згасне“, изјави премиерот Заев на средбата со претседателот Дуда.

Во тој контекст, заеднички беше констатирано дека проширувањето на Европската Унија мора да продолжи, изразено преку почеток на преговорите на Северна Македонија, бидејќи со тоа ќе се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен, особено за земјите како Северна Македонија кои ги спроведуваат сите потребни реформи.

— реклама —

После Брегзит, проширувањето на Европската Унија е особено важно за да се обезбедат нов ентузијазам, нови можности, нов развој и нов економски пазар, се согласија Заев и Дуда.

— реклама —

На средбата беше истакната блискоста меѓу полскиот и македонскиот народ и меѓу сите граѓани на двете земји, а премиерот Заев и претседателот Дуда потенцираа дека постојат одлични услови за натамошен развој на соработката меѓу Северна Македонија и Полска, особено во сферата на економијата и туризмот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања