Заев и Ципрас ќе примат меѓународна награда за мир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
30092019_PVRSM_Zaev_sredba_Cipras_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска попладне заминува за Мунстер, Сојузна Германија, каде утре, на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им беше доделена нему и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.

— реклама —

Како што соопшти владината прес-служба, во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“.

— реклама —

На свечената церемонија во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања