Промени тема
Контакт

Заев и Гаши утре повторно на средба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-gashi

Утре попладне ќе се одржи нова средба помеѓу лидерот на СДСМ во оставка, премиерот Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, објави телевизија 24.

На средбата се очекува да се преговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернатива инсистира да се најдат во евентуалната идна владина програма.

— реклама —

Како што веќе објави ТВ24, Гаши очекува две министерски места, како и директорски места, дел и од оние со кои раководи ДУИ.

— реклама —

Според неофицијалните информации, министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство и образование.

— реклама —

Средбата доаѓа откако Гаши во петокот доби зелено светло да ги продолжи преговорите со Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања