„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев и претседателот на Сојузот на синдикати Димовски: Социјалниот дијалог е на високо ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
26102020_PVRSM_Zaev_sredba_SSM-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација на Сојузот на синдикатите (ССМ) предводена од претседателот Дарко Димовски.

— реклама —

Учесниците на средбата, го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како единствена движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и подобрување на квалитетот на сите граѓани.

Беше констатирано дека постои волја за унапредување на социјалниот дијалог, за кој е заклучено дека изминатиот период е издигнат на високо ниво, со цел да се придонесе за унапредување и заштита на работничките права и обезбедување поголема социјална сигурност во кризните услови предизвикани од КОВИД-19.

— реклама —

На средбата беше разговарано и за активностите на ССМ со посебен фокус на прашања кои се отвораат и кои е потребно да се регулираат во новиот Закон за работни односи за време на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и интервентни измени во постоечкиот Закон како одговор на сегашните предизвици на пазарот на трудот.

Премиерот Заев истакна дека Владата на Северна Македонија останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, посебно нагласувајќи дека задоволните работници ја движат државата напред и истакнувајќи ја улогата и партнерскиот однос со синдикатите и работодавачите.

Претставниците на Сојузот на синдикатите изразија поддршка за мерките кои Владата ги носи за обезбедување поголема сигурност и подобрувањето на животниот стандард на работниците, за надминување на актуелната криза и обезбедување на егзистенција на сите работници, компании и граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања