„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев и Рама: Националистичките сили ќе зајакната на Балканот ако до есенва нема датум за почеток на преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zaev-Rama-696x435

Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако Албанија и Северна Македонија до есенва не добијат зелено светло да ги почнат преговорите за приближување со ЕУ. Ова го изјавиле премиерите на двете земји, Еди Рама и Зоран Заев, за „Фајненшл тајмс“ (ФТ) на маргините на форумот во Лондон што британскиот весник го организираше за Западен Балкан.

— реклама —

Како што наведува „Фајненшл тајмс“ , премиерите го дале ова предупредување откако европските министри за надворешни работи ја одложија одлуката за отворање на преговорите со двете земји до октомври.

-Не ни се потребни некој нов радикализам, национализам и популизам во нашата земја. Не е многу важно дали имаме одлука на Европскиот совет во јули или во октомври, но ако е октомври нека биде конечно октомври, бидејќи имаше многу одложувања, изјавил премиерот Заев.

— реклама —

-Не треба да ни се случат нови лоши работи за да сфатиме дека секоја блокада на овој процес го потхранува национализмот, фантазиите и штетните соништа, истакнал Рама.

Весникот наведува дека Европската комисија (ЕК) дава позитивни препораки за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија веќе 15 години, додека во случајот со Албанија препораките на Комисијата за преговори се повторуваат од 2014 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања