Заев и Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

1-5

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оставри средба со амбасадорот Фили Рикер, кој како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.

— реклама —

j_vN_Glg2ME
— реклама —

Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Република Северна Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.

Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија.

Во таа насока, информираше премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата.

Премиерот Заев уште информираше и за настојувањата за клучните реформски процеси да се обезбеди соработка со опозицијата и потенцираше дека ќе настојува тој дијалог да го опфати и договорот за заеднички придонес за реализирање на фер и демократски избори за Претседател на Република Северна Македонија.

На средбата стана збор и за регионалните прашања и беше нагласено дека интересите за земјите од Западен Балкан се совпаѓаат и со интересот на САД за стабилен регион и соработка во интерес на граѓаните од сите балкански држави.

Амбасадорот Рикер, од своја страна, покажа интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакна дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно- атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.

Претседателот на Владата на РСМ Заев и амбасадорот Рикер, кој наскоро ќе ја преземе должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, по средбата одржаа и прес конференција за новинарите, на која одговараа на прашања од интерес на медиумите.

sAr1hxNyWhA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања