Премиерот Зоран Заев кажа дека Македонија нема да презема ништо поврзано со Бугарија, додека тие не го тргнат ветото за почеток на преговорите со Европската Унија. Тој посочи дека нашата држава е спремна да работи според планот кој го имаме со Бугарите, како што е инфраструктурната поврзаност и слично.
„Ние нема да испорачуваме конкретни чекори додека не добиеме поддршка. Ние имаме договор и очекуваме Бугарија да биде пријател и поддржувач на евроатланскиот процес. Не само поради договорот, туку поради добрососедството. Ние сме подготвени да ги превземеме, заедно, како две страни заедничките обврски. Еве двете институции реагираат кога се валка национално знаме на двете земји, кога се сквернават споменици. Треба да работиме на инфраструктурната повррзаност на двете земји. Имаме патоказ, за унапредување на институционалната соработка, за индните перспективи“, рече Заев.