„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев имаше средба со директорот на „Егзит“ и со познати американски спортисти - инвеститори заинтересирани за вложување во индустријата за медицински канабис во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
15072021_PVRSM_sredba

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ги прими директорот на најголемиот музички фестивал во нашиот регион „Егзит“, Душан Ковачевиќ и гости од Соединетите Американски Држави, успешните спортисти во американски фудбал Ленс Бригс, Турк Мекбрајд и Дони Колдвел, како успешни производители на медицински канабис во САД.

— реклама —

Откако претходно ги анализирале можностите за инвестиции во некои други светски региони, гостите на средбата истакнаа дека предностите за инвестиции во индустријата за медицински канабис што ги нуди Северна Македонија ја прават земја од посебен интерес за оваа дејност.

Премиерот Заев ги презентираше можностите за отворање фабрики за медицински канабис во Северна Македонија, а инвеститорите презентираа искуства со најнапредна технологија и знаење кои што веќе ги користат во своите погони за одгледување на оваа билка во САД.

— реклама —

На средбата со директорот на „Егзит“ и со американските бизнисмени стана збор за предизвиците со кои се соочува музичката и ивент индустријата во текот на пандемијата, при што се разгледуваа и можностите за организација на "Егзит" фестивалски активности и во нашата земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања