Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема, порача премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
„Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи“, додаде премиерот.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159099234922932