„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Љубиша Георгиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-hrvtska-2

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот претседател на Собранието, режисер и амбасадор, Љубиша Георгиевски.

— реклама —

Содржината од телеграмата ви ја пренесуваме во целост:

Почитувано семејство Георгиевски,

— реклама —

Дозволете ми да изразам сочувство на вашето семејство за загубата на поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, еден од најистакнатите македонски театарски и филмски режисери, истакнат дипломат и професор, Љубиша Георгиевски.

Неговата страствена посветеност на целокупниот општествен развој на Република Македонија ја издигна неговата специфичност до неповторлива препознатливост на театарската сцена, а посветеноста на политичките текови до претседател на Собранието

на Република Македонија и амбасадор на Република Македонија.

Практикувањето на неговите сестрани таленти, кои несомнено го врежаа до нивото на незаборавност во поновата историја на Република Македонија, се неговата бесмртност во севкупната културна и политичка меморија во Република Македонија.

Дозволете ми уште еднаш да го изразам моето сочувство на вашето семејство, преку овие зборови кои се надевам дека ќе ви претставуваат утеха во деновите на жал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања